fbpx

Горан Коевски е новиот декан на Правниот факултет

-

Горан Коевски е новиот декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Коевски доаѓа на местото на Борче Давитковски кој пред неколку месеци си поднесе оставка со образложение дека „му бил вршен протисок“.

На денешното тајно гласање, Коевски доби 44 од вкупно 66 гласа.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е вработен од 1989 година, а во 2010 година е избран за редовен професор на научната област трговско право.

Од ноември 2000 до 2004 година ја вршел функцијата продекан за настава на Правниот факултет.

Горан Коевски

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...