fbpx

Неуспех во Брисел: За Заев виновен е Груевски, за Груевски – Заев се плаши од избори

-

Неуспешно заврши последната рунда преговори помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Брисел.

За еврокомесарот Јоханес Хан разговорите биле отворени и детаљни и ги повикува итно сите страни неодложно да пронајдат траен компрмис и да понудат конкретни предлози, градејќи врз основа на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје.

Реформските заложби треба итно да се имплементираат, смета Хан, тоа е од суштиско значење за државата да постигне напредок во евроатлантските процеси.

Премиерот Никола Груевски ѝ се обрати на јавноста по средбата.

Тој смета дека лидерот на опозицијата не сака да постигне договор бидејќи се плаши од соочување со народот на избори и со тоа им наштетува на државата и на економијата.

Тој го обвини Заев за несериозност во преговорите.

– Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека ќе го доживее најголемиот пораз СДСМ досега. Ни договор сака да постигне, ниту избори сака да има – истакна Груевски.

Зоран Заев, пак, од своја страна, порача дека опозицијата останала принципиелна на своите ставови и дека „има многу сведоци дека Груевски е виновен за неуспехот на вчерашните преговори“.

За лидерот на опозицијата, избори треба да има само ако можат да бидат фер, регуларни и слободни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...