fbpx

Нетанјаху го распушти израелскиот воен кабинет

Одлуката доаѓа по оставката на центарско-ориентираниот член на кабинетот Бени Ганц, кој ја критикуваше воената стратегија на Нетанјаху

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти воениот кабинет, пренесува Гардијан.

Оваа одлука доаѓа кратко по оставката на генералот Бени Ганц. Тој доаѓа од центарско-ориентирана коалиција и беше вклучен во воената влада на Израел. Ганц поднесе оставка поради недостигот на соодветна стратегија за обнова на Газа по војната. Дополнително, Ганц изјави оти смета дека израелскиот премиер ги ставал своите политички интереси над спасувањето на преку 200 израелски заложници заробени од Хамас.

По оставката на Ганц, се очекуваше дека неговото место ќе биде пополнето од порадикалните десничари во израелската влада, како министерот за финансии Безалел Смотрич и министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир. Затоа, распуштањето на воениот кабинет од страна на Нетанјаху се гледа како спротивставување на радикалната десница и консолидирање одлучувачката моќ врз воената стратегија.

Одлуката на Нетанјаху доаѓа откако тој и други десничарски функционери во државата имаа несогласувања со израелските одбранбени сили (ИДФ) за воената стратегија. ИДФ смета дека треба да се воведат дневни прекини на огнот од по 11 часа, за да се зголеми протокот на хуманитарна помош во Газа. Претходно споменатиот Бен-Гвир изјави дека тој кој ја смислил таа идеја е „будала“, а израелските медиуми пренесуваат дека Нетанјаху го известил воениот секретар на Израел дека ваквите паузи се „неприфатливи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...