fbpx

МВР со кривична против Самка Ибраимовски за „загрозување на сигурноста“ на судија во Уставниот суд

Самка Ибраимовски се противи на одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за Законот за облигациони односи, со што фактички рокот за застарување на долговите од 5 повторно се врати на 10 години

-

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) за кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, според соопштението на МВР, „упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд“.

Како што соопштија од МВР, тие целосно го расчистиле случајот кој во Секторот за компјутерски криминал го пријавил претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски на 24.06.2024. Костадиновски пријавил „закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“.

По пријавата МВР извршило службен разговор со Самка Ибраимовски во СВР Тетово. Два дена подоцна, на 26.06.2024, Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесол кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик.

„Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд“, велат од МВР.

Ибраимовски, откако беше повикан на разговор во полиција, одржа прес-конференција на која рече дека не е точно оти се заканувал на судија во Уставниот суд туку она што го пишувал на Фејсбук е слобода на говор.

Причината поради која дојде до кривична пријава за Ибраимовски се неговите реакции откако Уставниот суд покрена постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи. При тоа, оспорените делови од измените на законот за укинати. Со овие измени, рокот за застарување на долговите беше скратен од 10 на 5 години. Со ваквата одлука, Судот влијаеше на тоа рокот за застарување повторно да биде 10 години.

Во своето соопштение Судот објасни дека „Собранието го скратило рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, но притоа не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим. (vacatio legis).“

Судот претходно, во јануари 2024, одлучувал за иницијатива за уставноста на истите измени на Законот за облигациони односи, но тогаш не повел постапка. Во следниот период, Уставниот суд ќе одлучи дали измените на законот ќе продолжат да важат и дали рокот за застарување на долготиве ќе биде пет или десет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...