fbpx

Немири во Париз, уапсени 27 лица

-

Дваесет и седум лица биле уапсени, од кои 24 се задржани во притвор, откако во центарот на Париз утрово избија нови судири меѓу полицијата и група млади демонстранти кои не сакале да се разотидат.

Околу 100 демонстранти фрлале бетонски делови од калдрмата врз полицијата и палеле возила.

Плоштадот на Републиката е место на ноќни собири на демонстрантите во рамки на движењето под име „Будни цела ноќ“ против реформите во законот за труд. Протестите траат веќе еден месец, но синоќа им било дозволено да останат само до полноќ.

Во текот на вчерашниот ден, во Париз најмалку 24 полицајци се повредени за време на протестите, од кои тројца добиле сериозни повреди, а во цела Франција биле уапсени 124 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...