fbpx

Не јадете сладоледи, брза храна и чистете ги фрижидерите – препорачува ИЈЗ за заштита од цревни инфекции

Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења), велат во ИЈЗ

-

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции, односно инфекции кои се пренесуваат преку храна. Затоа од Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), препорачуваат посебно внимание населението да обрати на тоа, каде и каква храна консумира. За заболувањата кои се пренесуваат преку храна (food borne diseases), е карактеристичен нивниот сезонски карактер – најголем број труења со храна се јавуваат во текот на летните месеци, иако можат да се јават во било кој период од годината.

„Најчесто се јавуваат како групни заболувања, односно во вид на епидемии во семејства, колективи, ресторани, слаткарници. Причини за појава на овие заболувања, кои често се јавуваат во епидемиска форма се пропустите во технологијата на подготвување, дистрибуција и чување на храната“, велат во ИЈЗ.

Месото и млекото се примарно контаминирани 

Сите хранливи продукти од животинско потекло, се сметаат за веќе контаминирани, предупредуваат од Институтот.

„Покрај примарната контаминација на продуктите од животинско потекло, во процесот на нивната обработка, односно ракувањето со нив, често доаѓа до секундарна контаминација. Чувањето на веќе подготвената храна на собна температура, особено во топлите летни месеци, овозможува брзо размножување на инфективните агенси и лачење на нивни токсини и е најчеста причина за настанување на заболувањата кои се пренесуваат преку храна“, велат оттаму.

Една од препораките е да не се консумира сирова, термички непреработена храна од животинско потекло (месо и производи од месо, млеко и млечни производи, јајца).

„Свежите прехранбени продукти треба да се чуваат во фрижидери за да се спречи размножување на бактериите и лачење на токсини. Потребно е често да се чистат  фрижидерите (на 15 дена) во летниот период, со додавање на лимон и оцет во водата за чистење. Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења)“, наведено е во препораките.

Да не се јаде храна купена на кулинарски тезги на улица 

Термичката обработка на храната треба да биде доволно долга и на доволно висока температура за да ги уништи бактериите и нивните токсини.

„Храната да се користи веднаш по подготвувањето. Ако не се употреби веднаш, да се чува на температура до 4 степени (во фрижидер) или над 70 степени до нејзина употреба. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени. Да се избегнува храна од кулинарски тезги на улица, брза храна“, порачуваат во ИЈЗ.

Докторите во Институтот велат дека групите кои се под висок ризик (постари лица, трудници и пациенти со ослабен имунитет) да внимаваат при изборот на храната, односно менување на навиките за исхрана – да се избегнува храна која термички не се обработува.

„Да се избегнува контакт со животни и темелно миење на рацете по контакт со нив, доколку е остварен. Безбедно складирање на храната и нејзина заштита од инсекти и глодари. Да не се користи нечиста вода за спорт, риболов и капење. Лицата кои вршат подготовка на големи количини храна (ресторани, кафани, кујни и сл. објекти) да бидат здравствено просветени и да ги спазуваат основните принципи на хигиенски минимум при ракување со храна (подготвување, чување и дистрибуција). Тие треба да поминат и специјална обука за начинот и постапките во технологијата на подготвувањето на храна и да прават редовни санитарно-здравствени прегледи“, потенцираат во ИЈЗ.

Заради безбедноста на продуктите од животинско потекло, додаваат оттаму, потребна е засилена и прописна ветеринарна контрола на животните, контрола на кланиците при колење и обработка на месото и контрола на месото и неговите преработки во индустријата и на пазарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...