fbpx

НБА: Хјустон и Харден ја надиграа Оклахома на гостински терен

-

Кошаркарите на Хјустон рокест синоќа на гостински терен забележа важна победа во борбата за второто место во Западната конференција на НБА-лигата против тимот на Оклахома Сити. Хјустон триумфираше со резултат 115 – 112.

Најдобар поеднинец во победничкиот тим беше Џејмс Харден, еден од кандидатите за МВП на регуларниот дел од сезоната, кој натпреварот го заврши со 41 постигнат поен. Неговиот конкурент за насловот МВП, Расел Вестбрук од тимот Оклахома Сити, го постигна 11. трипл-дабл оваа сезона. Тој постигна 40 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Во останатите дуели во НБА синоќа беа постигнати следните резултати: Кливленд – Чикаго 99-94, Индијана – Мајами 112-89, Сан Антонио – Голден Стејт 107-92, Њујорк – Филаделфија 101-91, Сакраменто – Јута 95-101 и ЛА лејкерс – ЛА клиперс 78-106.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...