fbpx

НАТО категорично демантира – не сме закана за Русија

-

НАТО денеска категорично ги отфрли обвиненијата на Русија дека активностите и проширувањето на Алијансата претставуваат закана за руската сигурност.

Портпаролката на НАТО, Оана Лугеску, изјави дека Алијансата ја проучува новата руска безбедносна доктрина, која е усвоена минатата недела.

– Категорично ги отфрламе неоснованите обвиненија дека политиката на НАТО претставува закана за безбедноста на Москва – изјави Лугенск.

Во новиот руски документ, кој минатата недела го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, се наведува дека НАТО го крши меѓународното право и ја приближува својата структура до руските граници.

Коментирајќи го незадоволството на Русија поради повикот на Црна Гора да стане 29 земја-членка на организацијата, Лугенск нагласи дека проширувањето на НАТО не треба да се гледа како закана, како и дека секоја суверена земја има право да избере дали ќе пристапи кон Алијансата или не.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...