fbpx

Наместо подарок: факти за рамноправноста

Половата рамноправност е неспорен приоритет за ЕУ, но напредокот е бавен и нерамномерен

-

Во овој изборен период Европската унија даде силен акцент на половата рамноправност. Стратегијата на ЕУ за полова рамноправност за периодот 2019 -2025 година, иако е во континуитет со претходните активности на Унијата, ја подигна половата еднаквост на ново рамниште. И самиот факт што Европската комисија за прв пат доби жена претседателка, Урсула фон дер Лајен, ја подигна свесноста и видливоста за ова прашање во Европа, па и пошироко. Покрај тоа, сега и на чело на Европскиот парламент е жена – Роберта Мецола.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Стратегијата постави цели во три широки области: 1. борба протв насилството и стеротипите; 2. економија со полова рамноправност; 3. рамноправност во процесите на одлучувањето.

Неспорно е дека ЕУ предводи на глобално ниво во половата рамноправност, па дури 14 од 20 водечки земји во светот се од Унијата. Меѓутоа, она што загрижува е дека напредокот не може да се означи како брз, во одредени домени има и назадување, а разликите во самата ЕУ не се мали.

Според Индексот на родова рамноправност од 2022 година, кој годишно го објавува Европската агенција за полова рамноправност, Европската Унија во просек постигнува 68,6 поени од можни 100. Овој индекс ги прикажува постигнувањата во неколку домени: работа, пари, знаење, време, моќ и здравје, а во оценката учествуваат повеќе под-домени. Посебен дополнителен домен е насилство врз жените и девојчињата, кој се мери по повеќе критериуми, но недостасуваат податоци за споредливост и тој не учествува во општиот индекс.

Со оглед на тоа што Индексот се заснова на податоци од 2020 година, силно влијание врз него имаше кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Табела 1: Опсег на индексот на полова рамноправност во државите членки и промена во временски периоди[1]

[1]Извор: Европска агенција за полова рамноправност, Индекс на полова рамноправност 2022

Од претходната година, вкупниот напредок е изразен со само 0,6 процентни поени, а 5,5 поени од 2010 година. Најмногу се напредувало во доменот „моќ“, но индексот во овој домен сепак останува најнизок – 57,2. Опаѓање последнава година, а стагнација подолг период, покажува индексот на знаење. Загрижува опаѓањето на подолг период во доменот „време“ – индекс кој укажува на половите нееднаквости во распределбата на времето за грижа, домашна работа и социјални активности. Како одговор на диспаритетите во овој домен, ЕУ во 2022 година усвои нова Стратегија за грижа, ги вгради во приоритетите на Инструментот за еластичност и обнова, а донесе и посебна Директива за рамнотежа меѓу работниот и приватниот живот, која државите членки веќе треба да ја имаат преземено во своето законодавство.

Разликите во половата рамноправност меѓу државите членки на ЕУ се големи. Под просекот во ЕУ се сите нови држави членки, плус Италија, Португалија и Грција, која е последна на табелата. Очекувано, предводат нордиските земји – Шведска и Данска.

Табела 2: Општ индекс на полова рамноправност по држави членки, во однос на просекот во ЕУ[2]

[2]Извор: Европска агенција за полова рамноправност, Индекс на полова рамноправност 2022

Што се однесува пак до насилството – првиот приоритет од Стратегијата за родова рамноправност, со Пандемијата на КОВИД-19, зачестија појавите и тежината на родово базираното насилство. Европската Унија вoдеше тешки внатрешни преговори за ратификација на Истанбулската конвенција, која ја потпиша во 2017 година. Конечно, државите членки минатиот месец го упатија предлогот за ратификавија на согласност на Европскиот парламент, по што се очекува Советот конечно да ја ратификува конвенцијата во јуни. Да потсетиме дека шест држави членки сѐ уште ја немаат ратификувано Конвенцијата – Бугарија, Латвија, Литванија, Словачка, Унгарија и Чешка.

Како стоиме ние во однос на Индексот на полова рамноправност? За жал, како и за многу други работи, тешко може да се обезбеди споредливост, затоа што државите од регионот не се систематски вклучени во изработката на индексот. Така, за Македонија, Албанија и Црна Гора последниот објавен индекс е за 2019 година, кога Македонија постигнува 62, Албанија 60,4 а Црна Гора – 55 поени. Висината на индексот за Македонија главно се должи на доменот „Моќ“. Индексот за Србија за 2021 година е 58. Босна и Херцеговина за прв пат го спроведува мерењето во 2022 година, но целосно само за два домени – моќ и знаење, во кои постигнува 51,2, односно 58,7 поени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...