На повидок се нови „Дискворлд“ игри базирани на истоимениот серијал на Тери Прачет

Во скорешно интервју ко-основачот на Perfect -Грег Барнет изјави рече оти не сака да зборува пред време, но можно е да се случи реиздавање на Дискворлд игрите

Дискворлд изданијата на книгите на Тери Прачет | Фото: Дамиен Поле (Damien Pollet from Lille, France), CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс

„Дискворлд“ игрите коципирани како авантури можно е да наскоро да добијат нови свежи верзии. Тие се базирани на Дискворлд серијалот на Тери Прачет и досега има три такви игри авантури Discworld, Discworld 2 и Discworld Noir од 1995-1999 г. кои ги објавија девелоперите Perfect Entertainment.

Во скорешно интервју ко-основачот на Perfect -Грег Барнет изјави рече оти не сака да зборува пред време, но можно е да се случи реиздавање на Дискворлд игрите.

“Таа карта е во игра. Тоа е можно да се случи. И понатаму би се развивале и нови верзии”, додаде тој.

Самите Дискворлд романи се хумористични и во стил на епска фантастика. До сега има околу 40 такви книги, а авторот Тери Прачет има позната изјава која вели -”Пишувањето е најзабавната активност.”

За повеќе информации околу Тери Прачет и неговите саркастични критики и паралели можете сосема бесплатно да го превземете и прочитате дипломскиот труд од катедрата за Општа и компаративна книжевност со наслов „Хуморот во делата на Тери Прачет и Даглас Адамс“ во рамки на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Бесплатното симнување е достапно на следниот линк.

Книгите од овој серијал во Скопје се продаваат во англиски верзии во „Академска Книга“, a во другите книжарници низ градот може да се најдат и преводите на д-р Александар Таковски.