fbpx

На инфективните оддели во државата се лекуваат 1.036 пациенти болни или сомнителни на ковид-19

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 34 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 74 во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 55 пациент, во Кочани 15 во Кичево 18, Кавадарци 35, во  Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.036 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 426 сомнителни или потврдени за ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...