fbpx

На 82 години почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ

-

Денес, на 82 годишна возраст почина почитуваниот професор и дисидент Ѓорѓи Марјановиќ.

Тој предаваше кривично право на правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, беше почесен претседател на поранешната политичка партија Лига за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Од 2005 година тој беше советник во Советот на Град Скопје.

Ѓорѓе Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962, магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата „Правните последици на осудата”. Докторските студии ги завршил на Правниот факултет во Скопје со докторат на тезата „Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век го поминал на Правниот факултет во Скопје, како асистент (1965-1974), доцент (1974-1979), вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).

Зад себе ги остави трудовите „Правната положба на осуденикот по издржаната казна“, „Кривично право – општ дел“ (пет изданија), „За проблемот на политичката деликвенција во Југославија“ и други. Професорот Марјановиќ ги има преведено делата „Осумнесеттиот бример на Луј Бонапарта“, „Откритија за процесот на комунистите во Келн“ од Карл Маркс, и „Криминологија“ од Г. Кајзер од германски јазик, како и „Земја на луѓето“ на Антоан де Сент-Егзипери и „Во потрага по загубеното време“ на Марсел Пруст од француски јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...