Детскиот креативен центар при МКЦ отвори повик за учество во астрономска работилница за деца

Фото: Фејсбук профил на Младински културен центар

Детскиот креативен центар – Планетариум што се наоѓа во склоп на Малдинскиот културен центар отвора повик за учество во астрономска работилница наменета за деца од 8 до 12 години која започнува на 6-ти април и ќе трае 25-ти мај.

„Во текот на работилницата децата ќе учат за промената на денот и ноќта, за промената на фазите на Месечината, преку игра и креативно творење ќе изработуваат модели на Сончевиот систем, 3D-соѕвездија како и потенцијална населба на нашата Месечина. Активностите вклучуваат и учење за планетите, ѕвездите, нашата галаксија Млечен пат како и за највпечатливите небесни објекти, кои може да се видат на ноќното небо. Преку истите ќе се поттикне развивање на љубопитноста за астрономијата, запознавање на природата околу себе и развивање љубов и восхит кон науката уште од најрана возраст“, се вели во повикот.
Едукатори на часовите ќе бидат Моника Пешевска, дипломиран физичар и ликовниот уметник Доротеј Нешовски.
Сите предавања на работилницата се со различни теми, а во одонс на паричниот надомест повеќе информации може да се најдат ТУКА.
За пријавување потребно е да се испратат податоци за името, презимето, возраста на детето, името и презимето на родителот/старателот како и за кој час се пријавува на следните е-адреси: [email protected] и [email protected].