fbpx

Се гледа крајот на двегодишната блокада за избор на декан на Правниот факултет

-

По безмалку двегодишна блокада на изборот на нов декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Вишиот управен суд донесе одлука со која може да се деблокира изборот на нов декан на оваа високообразовна институција и го потврди правото на Наставно-научниот совет да избере декан, без да биде попречуван во тоа од просветниот инспекторат или од ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Вишиот управен суд со одлуката ја потврдува пресудата на Управниот суд во врска со тужбата на најстариот правен факултет во земјава за блокадата од Државниот просветен инспекторат на изборот на нов декан на 19 јуни 2015 година“, јави „Академик“.

По оставката на дотогашниот декан, проф. д-р Борче Давитковски во април 2015 година поради, како што рече, притисоците што му се вршат, на 19 јуни таа година, Наставно-научниот совет на факултетот како единствен кандидат за декан го избрал проф. д-р Горан Коевски и го предложил за избор на ректорот на УКИМ, но Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука на Република Македонија ја прогласил одлуката на Советот за противправна и незаконска.

Во моментов, в.д. декан е проф. д-р Сашо Георгиевски.

Инспекторатот заклучил дека не биле исполнети правните претпоставки за избор на декан, односно дека ректорот требало да назначи в.д. декан, кој требало да ја спроведе постапката за избор на нов декан, наместо Наставно-научниот совет да избере кандидат и да го предложи до ректорот.

На таа одлука Правниот факултет поднел жалба во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, која од таму била одбиена како неоснована. Потоа факултетот повел управен спор пред Управниот суд, кој решил во негова полза, но жалба на пресудата поднела гореспоменатата второстепена комисија, по што случајот завршил пред Вишиот управен суд, кој пресуди во полза на факултетот и ја потврди пресудата на Управен суд.

Во најновата пресуда се образложува дека сопирањето на изборот, односно одлуката на Наставно-научниот совет на факултетот не можел да направи инспекторатот, ниту ректорот, туку само министерот за образование и наука.

Со пресудата на Вишиот управен суд, се поништуваат одлуките на просветниот инспекторат и на второстепената комисија и целиот избор повторно се враќа во рацете на Наставно-научниот совет на Правниот факултет, а единствен што би можел да го стопира е актуелниот или новиот министер за образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...