fbpx

МЗЗПР со иницијатива до Уставен суд: 100 отсто плата за сите заболени работници од ковид-19

-

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави иницијатива до Уставниот суд за утврдување на законитоста и уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања. Со неа се бара поништување на оваа  одредба и донесување на нова. Со неа, секој работник, според Законот за безбедност и здравје на работа, во случај на инфекција или заболување со ковид-19, да добие, наместо 70 отсто, 100 отсто од платата при боледување.

„Многу е важно да се обезбедат уставно загарантираните права на сите работници, односно признавање на ковид-19 како професионално заболување. На овој начин, секој вработен, наместо досегашните 70 отсто ќе оствари право на боледување со надомест во висина од 100 отсто од својата плата. Ваквиот пристап е многу важен, особено во време кога се бориме за зачувување на секое работно место и егзистенција за секој граѓанин“, истакна Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.

Во иницијативата до Уставен суд се истакнува дека целосно се поддржува, лекарите и медицинскиот персонал, како и ветеринарскиот и друг помошен персонал и во иднина да ги остваруваат своите права при заболување од ковид-19 како професионална болест, како што е сега утврдено. Но, професиите што се на првиот фронт во текот на пандемиската криза (полициски службеници, припадници на Армијата, вработени во детски градинки и во образованието, во домовите за грижа на стари лица, службениците на шалтери, работниците во малопродажба и други) се изоставени од оваа одредба, со што се врши нивна дискриминација.

Истовремено, МЗЗПР покрена и иницијатива за признавање на инфекцијата со ковид-19 за секој работник, по автоматизам како несреќа при работа.

„Ако ова се прифати, боледувањето ќе биде третирано како „несреќа на работното место“ и работникот ќе остварува надомест на плата во износ од 100 отсто од платата. А, доколку дојде до трајно влошување на здравствената состојба со последици по работна способност, работникот да може да го остварува правото на професионална болест, според Законот за пензиско и инвалидско осигурување и изменетиот Правилник за Листата на професионални болести“, соопштуваат од МЗЗПР.

Од таму посочуваат дека е неопходно да се направи (пре)оценка на ризикот на работните места и да се дефинираат оние, каде постои зголемен ризик за инфекција. Тоа произлегува и од директивата на ЕУ од јуни месец минатата година, како и од препораките на Меѓународната организација на трудот, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на заразните болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...