Фото: Мета.мк

Заклучно со вчера, на вакциналните пунктови во државата се вакцинирани вкупно 334.386 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вкупно во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 14.525 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

Според последните бројки, барем една доза на вакцина имаат примено 52 отсто од населението над 70 години, 49 отсто од лицата над 65 години и 43 оттсо од населението над 60 години.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 472.159 граѓани, соопштуваат од ресорот здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk и лица вработени во критична инфраструктура. Вакцинацијата се одвива во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, потсетуваат од Министерството за здравство.