МЗ: И вчера голем интерес за вакцинација, ставени 17.427 вакцини

Фото: Министерство за здравство

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително голем интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.732 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани. Во државата вкупно се ставении 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.

Со последните бројки 68 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, велат од МЗ.