fbpx

МВР во последните 24 часа им издало потврди на 2.140 мигранти

-

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи им издало потврди за искажана намера за барање азил на 2.140 странски државјани, од кои 1.419 се од машки пол, 245 се од женски, 413 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 63 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, 975 се Сиријци, 802 се Авганистанци, а 192 лица се од Ирак.

До Одделението за азил, во последните 24 часа не било поднесено ниту едно барање за азил.

Од 19 јуни досега, издадени се вкупно 113.501 потврда на странски државјани, од кои 75.116 се на лица од машки пол, 15.133 – од женски, 19.255 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а уште 3.997 потврди се издадени на деца кои патуваат без родител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...