fbpx

МВР регистрираше осум прекршувања на изборниот молк

-

За време на предизборниот молк, до 7 часот денеска, односно до отворањето на избирачките места, МВР регистрирало осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест на подрачјето на СВР Скопје, еден на подрачјето на СВР Струмица, односно Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.

Како што соопшти МВР, во с. Виниче и с. Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори, знамињата се отстранети. Во с. Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош“ (каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите, а во близина на пензионерски дом „Автокоманда“ (каде што има две гласачки места) исто така биле испишани графити. За тоа се известиле избирачките одбори и во тек е нивно отстранување.

Во 6 часот утрово во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“, во близина на гласачко место, се забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор.

Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија, додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр.2135 имало испишани графити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...