fbpx

Муареми најави тужба против Русковска откако обвинителството ги отфрли кривичните пријави

Муареми напиша дека е задоволен од отфрлените кривични пријави, со што вели оти се докажало дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело додека бил во својство на директор на Управата за финансиска полиција

-

Екс-директорот на финансиската полиција Арафат Муареми вели дека е задоволен од исходот на постапките што се водеа против него откако обвинителството вчера ги отфрли двете кривични пријави. Тој најави дека ќе поднесе тужба против сега разрешената обвинителка Вилма Русковска која го водеше предметот против него.

Во Вибер комуникација со новинарите, Муареми напиша дека е задоволен од отфрлените кривични пријави, со што вели оти се докажало дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело додека бил во својство на директор на Управата за финансиска полиција.

„Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што тоа претходно го тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавнообвинителската функција со цел да ми се наштети на мене, на мојот углед и угледот на Управата“, вели Муареми.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека не нашле докази оти Муареми сторил кривично дело поврзано со службата. Информираа дека постапувале по двете кривични пријави против поранешниот директор и вработени службеници во Управата за финансиска полиција, и дека „не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по службена должност“.

По овие предмети претходно постапуваше поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) Вилма Русковска. Таа тврдеше дека постапувала по анонимна пријава, а до судот навела дека директорот на Управата за финансиска полиција сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и дека располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело.

Отворањето и работата по овие предмети резултираа со дисциплинска постапка против три обвинителки, меѓу кои и Вилма Русковска. На предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, бидејќи наводно имало низа пропусти во случајот откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која раководи, Русковска беше суспендирана од работа, а Муареми најави кривични пријави тврдејќи дека претресот во неговите канцеларии не бил во согласност со законот.

Муареми лани во август соопшти дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, со цел да нема сомнеж за какво било влијание врз предметот кој се води во Обвинителството.

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против ексдиректорот на финансиската полиција Арафат Муареми

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...