МОН ќе го повлече, измени и препечати спорниот учебник по социологија

-

Министерството за образование и наука ќе прави измени во учебникот по социологија за втора година средно образование, кој вчера и денеска предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за содржина која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да прави кривични дела.

Планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците го содржи и овој учебник по социологија и до почетокот на учебната 2020/2021 година неговата содржина ќе биде соодветно измената,а по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата, информираат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму додаваат дека МОН ја имало и ќе има потреба од поддршка и помош во процесот на унапредување на содржината на учебниците и тоа најмногу од оние кои секојдневно ги применуваат – наставниците и самите ученици.

– Во таа насока, уште во 2017 година Министерството, односно Педагошката служба спроведе анкета помеѓу наставниците во основните и средните училишта со цел да достават сугестии, да укажат на забелешки од сите можни аспекти во врска со содржината на учебниците кои се одобрени и се применуваат во наставата, заради пристапување кон нивна корекција и ажурирање. За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки – појаснуваат оттаму.

Забелешки за овој учебник, велат, неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование (бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година). Затоа, најавуваат оттаму, тој ќе биде изменет.

„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“, пишува во учебникот.

Погоре, на истата страница во учебникот стои дека „прељубата е кривично дело“. Реченицата гласи вака: „Жените во помал обем ги извршуваат и следниве кривични дела: прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби кривоклетство“.

Извршната директорка на Коалицијата „Маргини“, Ирена Цветковиќ, вели дека, за жал, зад флоскулата „научна вистина“ во македонското образование се кријат стереотипите и дискриминаторските ставови на фелата.

Таа апелира до властите, но и до академската фела, да започнат процес на целосна реизија на сите учебници и учебни помагала како прв чекор кон започнување темелна и целосна реформа во македонскиот образовен систτем.

Д-р Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, програмска раководителка во Kvinna till Kvinna Foundation вели дека е застрашувачки е колку дикриминирачки, стереотипни, несоодветни информации содржат учебниците по различни предмети за основно и средно образование.

– Само детално прегледување на сите соджини со родови очила и низ родова призма може да ги елиминира оние информации кои што допринесуваат за одржување на родовата нееднаквост – вели Стојановиќ Ѓорѓевиќ.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...