fbpx

Молкот за референдумот за ГТЦ почнува денеска на полноќ

-

Четириесет и осум часа пред почетокот на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар треба да заврши објавувањето на јавната прoпаганда, за разлика од 24 часа кои важат за партиите за време на избори. Новинарите смеат да објавуваат текстови поврзани со ГТЦ, но не и со референдумот или со тезата што ја застапува овластениот предлагач.

Во член 12 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се вели дека „Јавната пропаганда за референдумот мора да заврши најдоцна 48 часа пред денот на гласањето“.

Во член 45 од Законот, пак, стои дека при спроведувањето на референдумот на локално ниво се применуваат одредбите од Законот за локални избори, доколку со овој закон поинаку не е определено.

go sakam gtc

Во упатство за подготовка, организирање и за спроведување на референдум на локално ниво во општина Центар, изработено од ДИК, се вели дека:
„За референдумот на локално ниво во општина Центар, Советот на Општина Центар, како овластен предлагач, може да води јавна пропаганда на свој трошок, но таа мора да заврши најдоцна 48 часа пред денот на гласањето“.

Од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ велат дека молкот, во смисла на изборите и на изборните процеси, при спроведување референдум не е пропишан со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

– Овој Закон пропишува прекин на пропагандата што ја води овластениот предлагач, односно органот што го распишал референдумот, а за ГТЦ кампањата што ја води Општина Центар за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ завршува на 23 април на полноќ – велат од иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

Додека трае прекинот на пропагандата, новинарите смеат да објавуваат текстови поврзани со ГТЦ, но не и со референдумот или со тезата што ја застапува овластениот предлагач.

– Прекинот на пропагандата се однесува единствено за изданија на радио и на телевизиските вести и дневници, програми и посебни информативни емисии – додаваат од „Го сакам ГТЦ“.

Оттаму велат дека референдумот, односно целосниот процес и начинот на неговото спроведување, ќе биде надгледуван преку набљудувачи, овластени од Општинската изборна комисија за подрачјето на Општина Центар.

Вечерва, во 20 часот, завршува граѓанската кампања со концерт и со гушкање на ГТЦ.

„На настанот ќе се обратат претставници на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, претставници од невладините организации кои ја поддржаа иницијативата, но и неколку истакнати граѓански активисти. Сите заедно, на граѓаните ќе им ги упатат последните пораки околу важноста да се зачува оригиналниот изглед на ГТЦ, пред и официјално да почне предреферендумскиот молк, кој ќе трае сè до крајот на гласањето в недела“, велат од „Го сакам ГТЦ“.

На концертот ќе настапат групата „Флека“, Златко Ориѓански (со изведба на песни од претставата „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и „Нон стоп“, како и „Самакутра бенд“.

Како е за време на избори?

Во член 143 од Изборниот законик се вели дека изборната кампања почнува дваесет и вториот ден од денот на распишувањето на изборите и завршува 24 часа пред денот на одржувањето на изборите.

Член 76-б од Изборниот законик предвидува:
„При известувањето во деновите на изборниот молк, ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудио-визуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои го откриваат идентиетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...