Младата поетеса Аманда Горман потпиша договор со модна агенција

Аманда Горман на денот на инагурацијата на американскиот претседател Џо Бајден / Фото: Chairman of the Joint Chiefs of Staff from Washington DC United States / Wikimedia commons

Помалку од една недела откако ја освои на публиката на инаугурацијата на американскиот претседателот Џо Бајден, младата поетеса Аманда Горман потпиша договор со една од најголемите светски модни агенции.

Во понеделникот, 22-годишната студентка направи договор со IMG Models, која претставува познати модели меѓу кои Кејт Мос и Жизел Бундхен, потврдија од агенцијата за Си-Ен-Ен.

Горман беше една од најзначајните sвезди на претседателската инаугурација минатата недела, каде ја прочита нејзината моќна поема „Ридот по кој се искачуваме“. Освен што ги освои гледачите во Вашингтон и ширум светот, младата девојка на Лос Анџелес воодушеви и со нејзините живописни модни избори.

Во жолто двојно палто од италијанската дизајнерка Миуција Прада и црвена сатенска лента на косата, поетесата се истакна во толпата. Таа го комплетираше својот изглед со накит подарен од Опра Винфри, а изработен од независни дизајнери.

Покрај тоа што има модели со полно работно време, IMG Models соработува и со различни лица од светот на забавата, вклучително и Криси Тајген и Селена Гомез, како и музичари, актери и спортски sвезди како Наоми Осака. Последната зделка на агенцијата ќе ја развие поддршката и уредничките можности за Горман во секторите за мода и убавина.

Иако Горман сè уште нема дадено изјава за договорот, таа неодамна разговараше со Вог за нејзиниот интерес за модата. Во едно интервју објавено непосредно пред инаугурацијата, таа за магазинот изјави дека ќе го вметне „својот вид симболика“ во облеката од минатата среда.

„Модата има толку многу значење за мене и тоа е мојот начин да навлезам во историјата што се случила пред мене и сите луѓе што ме поддржуваат“, рече таа.