fbpx

Министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ постигнаа договор за размена на податоци

-

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска одржаа состанок во Брисел, каде што постигнаа договор за размена на податоци за патници во авио-сообраќајот. Mинистерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, изјави дека ќе бидат воведени и мерки за сузбивање на шверцот на оружје, особено на Балканот.

Примената на договорот би требало да почне во наредните неколку недели.

На состанокот биле договорени и мерки за засилена контрола на границите, а Казнев по завршувањето на состанокот изјавил дека француската влада изразила задоволство од рештелноста на членките на ЕУ да дејствуваат одлучно по терористичкиот напад во Париз.

Казнев истакнал три точки од договорот на министрите што ги истакнал како важни за Франција, а тоа се сузбивањето на шверцот со оружје, строга контрола на патниците и идентификација на терористите џихадисти пред да ја преминат границата со ЕУ.

Европскиот парламент, кој има конечен збор за тоа дали системот на размена на податоците ќе биде усвоен, веројатно ќе го поддржи договорот во текот на следниот месец.

Членките на ЕУ предводени од Франција, се заложија денеска за итна размена на податоци за патниците во авиосообраќајот во настојувањето да ги откријат потенцијалните екстермисти и да се спречат напади како тој во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...