fbpx

Министерствата, секретаријатите и Собранието полутранспарентни при јавни набавки

-

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти (од максимално можни 100 проценти) од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години (во 2017 година изнесуваше 53,6 проценти, а во 2016 година 51,7 проценти).

Ова го покажува третото по ред годишно истражување на начинот на кој што институциите ги спроведуваат тендерите, во рамките на ЕУ проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“.

Истражувањето исто така покажува дека најмногу институции се рангирани во „ограниченото“ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 проценти и 60 проценти (од можни 100 проценти). На врвот се Министерствата за економија и за одбрана, а на дното Министерствата за здравство и за образование и наука.

„Анализираните институции заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки во 2018 година. Поединечно, најмногу пари за јавни набавки потрошила институцијата која е најслабо рангирана, Министерството за здравство (39 милиони евра), додека, пак, Министерство за економија, како прворангирана, е во групата на институции со помал обем на јавни набавки (334.000 евра). Институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31 проценти од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 проценти од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието“, се додава во истражувањето

Кај дури пет институции, уделот на еден носител на набавка во вкупната вредност на тендерите е повисок од 40 проценти, што се смета како праг за концентрација. Секој трет тендер на анализираните институции бил поништен. За разлика од ланските 25 проценти, за 2018 година процентот на поништени тендери изнесува 30,3 проценти. Намалено е користењето на постапката со преговарање без објавување оглас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...