fbpx

Министерот за култура Адеми поднесе оставка

-

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка, поради, како што рече здарвствени проблеми.

„На состанокот на централното претседателство на партијата, што се одржа на 21 април 2019 година, поднесов барање за оставка на партијата. Претседателството го прифати, но поради изборите, решивме да го објавиме по претседателските избори “, рече Адеми на денешната прес-конференција.

Претходно, премиерот Зоран Заев на прес-конференција објави дека Асаф Адеми поднесе оставка уште пред шест месеци, но неговото барање било да поминат претседателските избори.

Заев, исто така, рече дека има некои имиња кои ќе го наследат Адеми, но не сака да ги објави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...