fbpx

Мигрантската криза и војната против ИД, главни теми на форумот во Халифакс

-

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на маргините на Меѓународниот безбедносен форум „Халифакс 2015“ во Канада, оствари повеќе билатерални средби.

Како што соопштуваат од министерството, Јолевски се сретнал со министрите за национална одбрана на Канада и на Литванија, Харјит Синг Сајан и Лоузас Олекас, со заменик-секретарот за одбрана на САД, Роберт Ворк, министрите за одбрана на Албанија и на Холандија, Мими Кодели и Жанин Енис Пласшерт, со парламентарниот државен секретар на Федералното министерство за одбрана, Ралф Брауксиепе, како и со повеќе дипломатски претставници од Европа и од САД.

На форумот, на кој главни теми се последните безбедносни случувања во Европа и во Африка, мигрантската криза и војната против ИД, учествуваат високи државни претставници, дипломати, сенатори, експерти, членови на парламенти, уредници на медиумски куќи, претставници на тинк-тенк заедницата, од повеќе од 60 земји.

Јолевски на средбите се осврнал на актуелните безбедносни предизвици во регионот и пошироко и во тој контекст ја истакнал потребата од евро-атлантско интегрирање на регионот. Тој истакна дека соработката со членките на НАТО е на потребно ниво и истакна дека Македонија е земја која е силен контрибутор во глобалниот мир и безбедност и заслужува место во колективните системи за безбедност.

Меѓународниот безбедносниот форум „Халифакс 2015“ е реномиран форум кој се одржува еднаш годишно и e посветен на глобалните безбедносни прашања. Форумот е независна непрофитна организација со седиште во Вашингтон и се одржува во соработка со канадскиот приватен сектор и со канадската влада.

На годинашниот форум, како што се наведува во соопштението, дискусиите биле во насока на наоѓање одговор на актуелните безбедносни прашања, кои ги опфаќаа и научените лекции од досегашните мисии во Ирак и во Авганистан, биле разменети мислења меѓу сите учесници како од политичката бранша, така и од претставниците на медиумите во насока на наоѓање соодветен одговор за решавање на кризата во Сирија, мигрантската криза, вклучувајќи ги и економските мигранти, како и борбата против тероризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...