fbpx

МЕПСО: Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околните населени места

-

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места, информираат од МЕПСО.

„Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот. Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија,“ се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...