fbpx

На инфективните оддели се лекуваат вкупно 798 болни од ковид-19, слободни кревети има

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 438 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, додека 360 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 28  болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 44 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...