fbpx

„Меѓаши“: Средношколската унија и пленумот да разговараат како партнери

-

„Средношколски пленум“ и Средношколската унија треба да разговараат како партнери и да најдат заедничко решение за излез од состојбата пред таа да ескалира со несакани последици, е ставот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ за преставката што до нив ја испрати Средношколската унија.

„Младите можат да се сослушаат и да разговараат конструктивно, почитувајќи ги различните ставови и мислења или да заземат партиски и други позиции на „моќ“ и со заплашување да ги отфрлат барањата на другата страна. Исто така не помалку важно е да се спречи злоупотребата на овие случувања во политички цели, а особено не за партиски интереси. Правото на слобода на здружување и слобода на изразување го опфаќа во себе и правото на протестирање. Правото на мирен протест е едно од основните права на човекот, преку кое тој може да го изрази своето мислење за задоволство и за незадоволство. Вклученоста на децата во протести, преку формални или неформални здружувања, за прашања кои се од нивно значење, водат кон тоа децата да имаат директно влијание врз политички промени и креирање политики кои се однесуваат на теми од значење за нив“, се вели во одговорот на „Меѓаши“ до Средношколската унија.

Од „Меѓаши“ потсетуваат дека Република Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето (КПД) и на други меѓународни документи со кои на децата им се гарантираат и правата што спаѓаат во групата на граѓански и политички права и важноста на детското, односно младинското учество особено во процесите на одлучување за прашања кои се важни за нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...