fbpx

Меџити пак вети дека нема да доцни дијабетската терапија, но дијабетичарите вечерва сепак ќе протестираат

„Има две сценарија за вечерва, едното е дека очекуваме известување со кое очекуваме овие сите убави ветувања да ги видиме на хартија. А другото сценарио е дека тоа нема да се случи и во тој случај ќе ги повториме нашите барања на протестот“, вели за Мета Димче Велев, претседателот на Сојузот

-

Додека сум јас министер, доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има, порача министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во пресрет на денешниот најавен протест на дијабетичарите, кој пред Министерството за здравство во 19 часот го организира Сојузот на здруженија на дијабетичари. Сепак, доцнење на дијабетската терапија има, и тоа веќе седум месеци.

Меџити денеска се сретнал со претставници на здруженијата, а на состанокот биле присутни и вработени од стручните служби на министерството, како и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети.

„Правиме сè во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментот течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од министерството. Ако второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се склучи договорот за набавка на ленти и глукомери за пациенти со тип 1 и тип 2“, наведено е во соопштението од МЗ.

На средбата Меџити изразил жалење што набавката доцни и истакнал дека таа требало да се започне уште во декември, од претходното раководство.

Тој денеска ја потпишал одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

Инаку, вечерва во 19 часот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе се одржи протест пред зградата на Министерството за здравство.

„Ние денес бевме на состанок со министерот, но и покрај тоа протест вечерва ќе има. Има две сценарија за вечерва, едното е дека очекуваме известување со кое очекуваме овие сите убави ветувања да ги видиме на хартија. А другото сценарио е дека тоа нема да се случи и во тој случај ќе ги повториме нашите барања на протестот“, вели за Мета Димче Велев, претседателот на Сојузот.

Во вчерашното соопштение со најавата за протестот беше наведено дека дијабетичарите имале најдолго трпение и покажале најголема конструктивност.

„Бевме најпосветени за соработка. Завршија сите рокови, логички и правни, заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин“, беше наведено во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...