fbpx

Лицата со дијабетес утре на протест, не ја добија ветената терапија

„Имавме најдолго трпение, покажавме најголема конструктивност, бевме најпосветени за соработка. Завршија сите рокови, логички и правни, заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин“, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари

-

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес утре за во 19 часот најавија протест пред Министерството за здравство оти не ја добија ветената дијабетна терапија. Како што оттаму информираат, изиграни се 150.000 дијабетичари, односно 45.000 лица кои се на инсулинска терапија.

„Имавме најдолго трпение, покажавме најголема конструктивност, бевме најпосветени за соработка. Завршија сите рокови, логички и правни, заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги изманипулира 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетна терапија, која не ја добиваме“, наведено е во соопштението на Сојузот.

На 5 јули требаше да има протест, но министерот Фатмир Меџити им вети на дијабетичарите дека ќе ја добијат потребната терапија, па протест не се случи. Тогаш, Димче Велев, претседателот на Сојузот, во изјава за медиумите кажа дека ако до денеска не ја добијат потребната терапија, ќе има протест.

„Сите граници на толеранија се преминати. Да не зборуваме за семејните буџети колку ни се нарушени. Ние како Сојуз кога можевме да обезбедиме 400 апарати и кутии со ленти, кои беа донација за 400 најзагрозени лица со дијабетес, ова министерство може да обезбеди многу повеќе и може да направи навреме да се дистрибуираат“, рече тогаш Велев.

Многупати досега Мета пишуваше за проблемите на лицата со дијабетес во земјава. Пред две години, Mета пишуваше дека на децата им се потребни сензори за безболно мерење гликемија, а проблемите и секојдневниот начин на функционирање за Мета го раскажа ученичката Миа Чичкариќ. По објавата, тогашниот министер Венко Филипче најави набавка на сензорите, но Министерството за здравство ја поништи постапката и лицата со дијабетес до денеска ги немаат добиено сензорите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...