МАН го осуди нападот врз Ивона Талевска

-

МАН остро го осудува нападот врз главниот и одговерен уредник на „Вечер“ и заменик-главен уредник на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, и врз снимателите на телевизијата, од членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието. Ваквите напади се дел од стратегијата на СДСМ за насилство кон сите кои имаат различно мислење од нив, реагираат од Македонската асоцијација на новинари.

„МАН апелира да прекинат заканите, насилството врз новинарите и категорично укажува дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршењето на нивната работа. МАН уште еднаш посочува дека разликите треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и на идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и физичко насилство врз претставниците на медиумите. МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите“, се вели во соопштението.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...