fbpx

Малите партии бараат една изборна единица и отворени листи

-

Понатамошна демократизација е можна само со воспоставување на Македонија како една изборна единица по пропорционален модел, воведување на систем на отворени листи и прифаќање независни листи со собрани 1.000 потписи вкупно од сите изборни единици, наместо 1.000 од секоја изборна единица.

Ова се заклучоците што ги усвоиле учесниците на денешната трибина „Дали понатамошната демократизација на Македонија е можна без промена на изборниот модел“ која се одржа во хотел „Карпош“ во Скопје.

Трибината ја организираа Алијанса за позитивна Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократски сојуз и Партија за демократски просперитет – ПДП, а на неа учествува и претставници од левичарско движење „Солидарност„, „Ленка“ и поранешни амбасадори.

„Учесниците на трибината сметаат дека на овој начин ќе се овозможи поголемо политичко разногласие, со многу повеќе конструктивни политички идеи, а воедно ќе значи и намалување на ризикот од воспоставување на автократски тенденции“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...