fbpx

Германија очекува околу 750.000 азиланти

-

Бројката на бегалци кои бараат азил во Германија оваа година може да изнесува околу 750.000 луѓе, покажуваат извештаите од официјалните проекции, пренесува „Би-Би-Си“.

Иако, прогнозите на властите во Берлин предходно беа дека оваа бројка ќе биде некаде околу 450.000 барања за азил, сепак, според последните извештаи, таа изнесува над 650.000, од кои најголем дел се од Сирија и Балканските земји.

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антониот Гутерес изјавил дека многу повеќе европски земји треба да го понесат товарот од мигрантската криза.

„Неодржливо е на долг рок само две земји од Европската унија (ЕУ), Германија и Шведска, да ги прифатат најголемиот дел од бегалците“, вели Гутерес за германскиот дневен весник „Ди Велт“.

Околу 80.000 сириски државјани се очекува да бараат азил во Шведска оваа година со што Германија е убедливо најпопуларната дестинација за мигрантите.

Според анализите, над 240.000 мигранти од почетокот на годината досега пристигнале во Грција и Италија, пред да продолжат до нивните крајни дестинации. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека само во текот на последната недела околу 21.000 мигранти пристигнале во Грција.

Инаку, најновите прогнози за Германија го надминуваат рекордот од 438.000 барања за азил што биле поднесени во 1992 година за време на војната во Босна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...