Британската музичка веб-страница „Имерџинг инди бендс“ (EmergingIndieBands) креираше листа на 90 најдобри групи од сите делови на светот за минатата година. Македонската група „Визија“ се најде помеѓу најдобрите 10, на високото седмо место, и е една од малкуте групи од регионот што се најде на оваа листа.
Групата „Визија“ е формирана во 2011 година во Скопје од членовите: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Музиката што ја изведуваат подложи на експериментирање, со што формираат свој препознатлив звук, а во своето тригодишно постоење имаат постигнато неколку поголеми успеси во земјава и во странство.