Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

-

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Како што информираат во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласил дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е и основа на кандидатура за членство.

Во министерството додаваат дека во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, земјава е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело. Инаку, Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...