fbpx

Личните карти кои не се истечени ќе продолжат да важат и по 12 февруари

Во однос на патните исправи засега сè уште нема официјални информации, дали граѓаните на државата кои нема да успеат да извадат пасоши со новото име, „Република Северна Македонија“, ќе бидат во можност да патуваат надвор од земјата по 12 февруари годинава

-

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024, извести Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.

„За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“, велат од МВР.

Во однос на патните исправи засега сè уште нема официјални информации, дали граѓаните на државата кои нема да успеат да извадат пасоши со новото име, „Република Северна Македонија“, ќе бидат во можност да патуваат надвор од земјата по 12 февруари годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека досега се издадени 1,2 милиони пасоши.

„Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...