fbpx

Лавров: САД испраќаат сигнали за подобрување на односите со Москва

-

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека САД испраќа сигнали дека сака да ги подобри односите со Москва, кои се разнишани поради ситуацијата во Украина.

САД и ЕУ и воведоа економски санкции на Москва поради соединувањето на Крим со Русија и наводната руска поддршка на проруските сили во Источна Украина.

САД и Русија и покрај тоа, продолжија да соработуваат во некои области особено за постигнување договор за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Лавров истакнал дека Москва е отворена за понатамошен дијалог, дека нема да „моли“ за подобра врска, но и дека нема да ги отфрла предлозите дури и за постепено обновување на каналите за дијалог и соработка.

– Ние веќе добиваме вакви сигнали од Американците, но за сега не се толку јасни – рече Лавров.

Освен околу Украина, САД и Русија не се согласуваат ни околу решавање на сириската криза, човековите права, како и некои трговски и безбедносни прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...