fbpx

Лани Груевски, денеска Иванов останаа без превоз поради дефект на владиниот „лирџет“

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Сараево до бугарската престолнина Софија ќе лета со комерцијален лет бидејќи кај владиниот авион од типот „лирџет 60“ бил констатиран дефект, потврдиле за „Телма“ од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата.

Како што информирале оттаму, дефектот бил констатиран утрово во 9 часот при редовнот преглед на системот на авионот при што било утврдено дека откажал електрoнскиот уред на авионот, наречен инвертер.

„Лирџетот“ во моментво сè уште се наоѓал на аеродромот во Сараево, каде Иванов учествуваше на Самит, и чекал да добие дозвола за прелет од фирмата од која што е купен авионот и од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија.

Последниот сервис на авионот, како што соопштиле од СОЗР бил направен на 9 април, кога било констатирано дека „лирџетот“ е исправен.

Во мај, минатата година, епизода со владиниот „лирџет“ имаше и тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски додека со владина делегација се враќаше од Стразбур.

Тогаш авионот поради дефект принудно слета во Цирих, а потоа беше однесен на поправка во Нирнберг.

Владинот „лирџет 60“ е купен во 2005 година, за 10,8 милиони долари. Тоа е еден од најпродаваните млазни авиони од средната деловна класа и се смета за сигурен, исклучително удобен и брз.

Авионот има седум седишта. Крстосувачката брзина му е 782 километри на час, а максималната – 859 километри на час.

Без да слета може да помине 4.600 километри, односно може да ја покрие речиси целата територија на Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...