fbpx

Кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошки факултет

-

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против поранешен декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, поради постоење основан сомнеж дека направил финансиски малверзаци за време на извршувањето на функцијата декан.

Според податоците до кои дојде Финансиската полиција во текот на истрагата, поранешниот декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, од само нему познати причини, на определени доктори-специјализанти по разни области на факултетот, им го простил надоместокот за специјализацијата кои биле должни да го платат.

Пријавениот декан, кривичното дело го сторил во периодот 2010-2012 година, кога, иако со Закон и со Статут бил обврзан на одговорно финансиско работење, постапил спротивно на донесените одлуки од надлежниот министер за здравство и од Стоматолошкиот факултет за утврдување на висината и на динамиката на плаќање на паричниот надомест за специјализација на доктори, на начин што дозволил шест доктори-специјализанти од Стоматолошкиот факултет да полагаат специјалистички испит и да добијат соодветно уверение за специјалист, без притоа да го намират предвидениот паричен надомест спрема Стоматолошкиот факултет.

Иако пријавениот бил свесен дека сите останати специјализанти си ги намириле своите обврски кон факултетот или склучиле договор на нотар за уредување на динамиката на плаќање на заостанатиот долг, сепак дозволил шесте привилегирани да специјализираат гратис.

Со ваквото свое однесување, пријавениот причинил директна штета на буџетот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во износ од 55.000 евра во денарска противвредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...