Ковачевски: Ова е хибридна војна, скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби

-

Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за лажните бомби во училишта, трговски центри,  државни институции, висококатници и автобуси.

„ВПН се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски држави. Затоа се работи со партнерски служби. Ова е хибридна војна. МВР работи интензивно со партнерските служби. Да, секојдневно комуницираат. Со НАТО и другите земји со кои имаме соработка. Се прават анализи со службите за безбедност. Што се однесува за мерките, по секоја дојава, тие мора да бидат спроведени по протокол, без импровизација. Одделот за антитероризам ги проверува сите училишта за да може да во најкус рок да се утврди дека се лажни дојавите“, рече Ковачевски потсетувајќи дека во сите земји од регионот доминира оценката дека станува збор за специјална војна односно хибридни напади, кои зачестија со почетокот на војната во Украина, а се со цел да се созде паника и дестабилизација.

Премиерот упати и порака до граѓаните да не учествуваат во овие активности.

„Безбедноста состојба во државата е стабилна. МВР успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува на монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите во ЈСП, па училиштата во Скопје и други градови, а пријавите се проширија и на трговски центар и станбени работи – тие се поврзани со јавноста која е впрочем еден од клучните работи во делот на тероризмот“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека Македонија не е единствена со ваков проблем и дека на ваков тип напади масовно се изложени и соседните земји, а и други земји во светот.

„На пример, вакви последни дојави има во Црна Гора, Србија, како и подалечни земји, Нов Зеланд, Канада, САД, Германија и т.н.“, рече премиерот.

Во однос како МВР дејствува во однос на дојавите за бомби, премиерот рече дека сите надлежни институции работат со полн капацитет.

„Секторот за борба против тероризам до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје за кривично дело тероризам, бидејќи испратил заканувачка порака за поставени бомби во четири училишта. Тој го призна делото“, кажа Ковачевски.

Вчера на мета на дојавувачите на лажни бомби беа едно основно училиште во Кавадарци, девет скопски средни училишта, МНР, ГТЦ, Ист гејт мол и кулите Џевахир.  Дојави за поставени експлозивни направи имаше и во повеќе основни и средни училишта во Подгорица, Црна Гора, а таква дојава добија и средните училишта во Нови Пазар, Србија.

Лажни се дојавите за бомби во училиштата, МНР, трговските центри и висококатниците „Џевахир“

 

 

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична...