fbpx

Корисниците ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацита „Мој ДДВ“, информира УЈП

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај

-

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата „МојДДВ“ дека е извршено нејзино прилагодување во согласност со последните законски измени, со кои исплатите кон граѓаните на квартално ниво се зголемија на 2.100 денари по корисник.

„Ова значи дека сите корисници на „МојДДВ“, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Play StoreApp Store и Huawei App Gallery. Измените веќе се видливи во апликацијата „МојДДВ“ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај“, стои во соопштението од УЈП.

Од УЈП информираат дека прилагодувањето на апликацијата е извршено откако пратениците ги усвоија измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Во моментов апликацијата „МојДДВ“ ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...