fbpx

Координација во Собранието за претстојниот референдум

-

Во Собранието денеска попладне претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи координативна средба со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата. Според најавите, во фокусот ќе биде референдумот закажан за 30 септември и неговата кампања.

Јавноста очекува одговори дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во кампањата (јавна пропаганда) за референдумот, но и дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот. Од денеска се интензивираат и редовните активности на Парламентот.

Владата денеска на седница се очекува да ја одреди сумата што ќе се одвои за кампања за референдумот врз основа на информациите за средствата што ги имаат на располагање Министерствата и органите на државната управа, што треба да бидат доставени до неа.

Министерството за одбрана веќе објави дека одвоило помалку од 60 милиони денари, средства кои, како што изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, биле насочени кон активност во поддршка во нашите НАТО интеграции, но кои не беа во делот на логистика, ниту потреби на АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...