fbpx

Колумбиски кокаин во кутии со банани во Германија

Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу шест милиони евра, соопшти криминалистичката полиција на покраината Долна Саксонија

-

Полицијата во Хилдесхајм, западна Германија, открила околу 190 килограми кокаин во картонски кутии кои, според документите, требало да содржат банани за трговец со овошје, пренесува германската новинска агенција дпа.

Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу шест милиони евра, соопшти криминалистичката полиција на покраината Долна Саксонија.

Полицијата ја пронашла дрогата во рација кон средината на април. Целта на акцијата била да се разбие меѓународна операција за шверц на дрога.

Вработените во складиштето за овошје, наводно забележале необични пакувања во една од кутиите при проверка на голема бродска пратка, пред да ги испратат бананите до филијалите на трговски синџир.

Полицајците и царинските агенти во Хилдесхајм три дена претресувале неколку илјади кутии и пронашле вкупно 185 килограми кокаин.

Бананите со еден брод пристигнале во неколку контејнери од Колумбија до Хамбург.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани сто години на Литванскиот фестивал на песната и танцот

Во Литванија се одбележа стогодишнината од Литванскиот фестивал за песна и танц, посветен на народната музика на балтичката земја. Фестивалот, коj се одржува традиционално на секои 4 години поради долгите...