fbpx

Бербок: Хибридните напади на Русија се напад врз целиот мировен поредок во Европа

Со својата брутална војна против Украина, Путин ги уништи и мостовите за добрососедски односи со Русија како сосед на Балтичкото Море, рече германската министерка по состанокот на Советот на балтичките морски држави во Порво во близина на Хелсинки

-

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок нагласи дека солидарноста на балтичките земји против руските хибридни напади е силна, пренесува германската новинска агенција дпа.

„Со својата брутална војна против Украина, Путин ги уништи и мостовите за добрососедски односи со Русија како сосед на Балтичкото Море“, рече Бербок по состанокот на Советот на балтичките морски држави во Порво во близина на Хелсинки.

„Мостовите меѓу нас, десетте демократски балтички партнери, оттогаш се уште постабилни. Хибридните напади на Русија се напад врз целиот мировен поредок во Европа“, рече германската министерка.

Фокусот, додаде таа, е да се запре контроверзниот извоз на руска нафта за бродовите кои се едвај во функција. Нашето мирно Балтичко Море е исто така загрозено од руска агресија“, рече Бербок.

„Русија сака да внесе страв и ужас во сите наши општества и да ги помести црвените линии“, рече естонскиот министер за надворешни работи Магнус Цакна. Како што истакна тој, повлекување не смее да има.

Советот на балтичките држави е основан во 1992 година на иницијатива на министрите за надворешни работи на Германија и на Данска.

Членки се осум земји кои граничат со Балтичкото Море – Германија, Данска, Естонија, Финска, Литванија, Летонија, Полска и Шведска, како и Исланд, Норвешка и Европската Унија.

Русија беше суспендирана во март 2022 година, а два месеци земјата се повлече од Советот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...