fbpx

Која е новата „Најмила” на Панчо и на Андреј?

-

Март е месец на дамите, а Панчо и Андреј од „ДНК“ одлучија да им го честитаат на сите свои обожавателки и да покажат како треба да се однесуваме кон нив, со нова песна, едноставно насловена – „Најмила“. Песната за која музиката и текстот се дело на Панчо, а аранжманот на Лазар Цветкоски, ќе биде претставена преку видеозапис во кој „најмилата“ на ДНК ќе биде претставена во ликот на најпознатата македонска топ-моделка во светски рамки.

– Со Андреј конечно одлучивме да ви ја претставиме нашата најмила! Овојпат, се работи за нашиот, но и светски познат топ-модел, Катарина Ивановска, која навистина одлично се вклопи во целата приказна на видеоспотот за нашата нова песна „Најмила“. Верувам дека за месецот на дамите, нашата „Најмила“ ќе биде вистински подарок и благодарност од „ДНК“, за нивната љубов кон нас сите овие години. За крај, огромно благодарам до Бане Поповиќ и до „Томато продукција“, кои, како и секогаш, направија врвна видеоприказна – изјави Панчо по снимањето на првите клапи од видеозаписот.

Спотот за „Најмила“ се снимаше во „Брик бар“, приватен апартман и на уште неколку локации во главниот град. Комплетната видеореализација е дело на „Томато продукција“, а оттаму најавуваат интересна и урбана приказна, нешто што е карактеристика и препознатлив елемент за видеозаписите на „ДНК“.

Официјалната промоција на видеоспотот ќе се случи во првата половина на март, кога се очекува песната да се појави во македонскиот музички етер. Со „Најмила“, Панчо и Андреј најавуваат уште една година исполнета со нови хитови, кои ќе продолжат да освојуваат нови срца и обожаватели низ Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...