fbpx

Клаус Шваб не им наредил на владите од цел свет да ги апсат граѓаните што читаат лажни вести

Наспроти објавеното во фотографијата од постот кој го рецензираме, СЕФ никогаш на Твитер нема објавено дека „Читањето лажни вести е злосторство од омраза“ туку станува збор за фотографија која е дигитално изменета односно твитот е лажен.

-

Наспроти она што се тврди во постот, дека Клаус Шваб им наредил на владите во светот да ги апсат сите што читале лажни вести, ниту во цитираните говори на Шваб, ниту во деловите каде се обраќа Светскиот економски форум во однос на дезинформациите, не постои ниту еден доказ во прилог. Затоа ова е класична дезинформација за Клаус Шваб, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Паника во Светскиот економски форум? СЕФ/Шваб им наредува на владите од цел свет да ги апсат граѓаните кои читаат „лажни вести“ на интернет. Наредува да се забранат независните медиуми, владите да го направат незаконски читањето не-мејнстрим извори на вести. Кој ги избрал/поставил свињата шваб/сеф и нивните газолижачи за да одлучуваат што ќе читам и како ќе живеам? Додаток видео во коментари.
Во видеото кое е споделено во коментарот, се споделува разговор на Клаус Шваб, лидерот на Светскиот економски форум во кое тој вели:
Кога ги споменувам имињата како госпоѓата Меркел, Владимир Путин итн… Сите тие биле млади глобални лидери на Светскиот економски форум. Но сега сме многу горди на тоа што младата генерација како премиерот Трудо, претседателот на Аргентина итн… Влегуваме во кабинетите. Вчера бев на прием кај Трудо и знам дека повеќе од половината од неговиот кабинет се од нашите млади глобални лидери на СЕФ.
Евидентно е дека оваа изјава на Клаус Шваб, на ниеден начин не е поврзана со она кое што се кажува во постот кој го рецензираме, а претставува дезинформација – „дека СЕФ и Шваб им наредуваат на владите од цел свет да ги апсат грашаните кои читаат лажни вести на интернет“. Не е вистина ниту тоа дека Клаус Шваб „наредува да се забранат независни медиуми, владите да го направат незаконско читањето немејнстрим извори на вести“.
На страницата на Светскиот економски форум се споделени неколку препораки за справување со дезинформациите, но Шваб нема никакви овластувања, ниту правна ниту политичка моќ да им „наредува“ на владите од цел свет да ги апсат граѓаните кои читаат лажни вести на интернет.
На 11 октомври 2022 година на страницата на СЕФ се наведува:
„Дезинформациите постоеле отсекогаш, но интернетот ја зголеми нивната моќ. Има намалување на довербата во мејнстрим медиумите. Владите, бизнисите и индивидуите мора да работат заеднички за да го намалат ширењето дезинформации. Моменталната криза со дезинформациите се подготвуваше со години. Растот на интернетот ги направи бизнис-условите потешки за весниците и другите медиуми, од кои некои беа затворени. Се случи експлозија од сајтови и социјални мрежи кои ја пополнија таа празнина, а истите привлекуваат корисници кои немаат време или не се заинтересирани да проверуваат информации и да гледаат повеќе извори. Луѓето ги сменија своите навики и 40 проценти од нив глобално одбегнуваат мејнстрим вести. Општата доверба во вестите опадна. Како резултат, голем процент луѓе сега веруваат во неверојатни наративи. Речиси 20 проценти од испитаниците вклучени во истражувањето на форумот Оливер Виман одговориле дека ковид е измама, а 12 проценти кажале дека вакцините против коронавирусот имаат микрочип кој овозможува владата да ги следи вакцинираните. Овие испитаници се од различни возрасти, нивоа на образование и професии. Дури и корисници со добри намери може да се жртви на дезинформации поради нивните кориснички навики. Истражувањето покажа дека поголемиот број луѓе понекогаш или често само прелетуваат преку вестите. Ретко проверуваат извори и без да знаат го влошуваат проблемот со тоа што ги споделуваат тие информации со пријателите без да ги проверат фактите“, пишува на сајтот на Светскиот економски форум.
Но, овој едукативен текст на СЕФ, не е никако поврзан со некакви глобални апсења или репресија врз луѓето што читаат не-мејнстрим медиуми.
Светскиот економски форум наведува дека владите можат да понудат некои од најзначајните решенија на кризата со дезинформациите со регулативата. На пример, ЕУ одобри закони што ќе бараат од технолошките компании да ги надгледуваат платформите за говор на омраза, дезинформации и штетни материјали. На таков начин ќе се овозможи владите да им наложуваат на компаниите да отстрануваат содржини кои промовираат тероризам, детска сексуална злоупотреба, говор на омраза и измами. Владите, исто така, имаат улога да обезбедат услови за граѓаните, особено децата да имаат дигитални вештини за да бидат безбедни и информирани. Естонија е пример за другите. Изминатите години Естонија возврати на бројни дезинформациски кампањи со различен пристап за да ги заштити своите граѓани и воведе едукација за медиумска писменост за ученици од сите возрасти“ пишува на сајтот на СЕФ.
Наспроти објавеното во фотографијата од постот кој го рецензираме, СЕФ никогаш на Твитер нема објавено дека „Читањето лажни вести е злосторство од омраза“ туку станува збор за фотографија која е дигитално изменета односно твитот е лажен. СЕФ нема да ги затвори независните медиуми, ниту пак има таква моќ. Станува збор за едно паушално тврдење, кое нема базираност во фактите.
Светскиот економски форум на својот сајт има спроведено истражувања за дезинформациите и корисни совети за тоа како да се препознаваат и да се избегнуваат.
Речиси сите дезинформации имаат поедноставна граматичка структура отколку вистинските вести. Ова ги прави полесни за процесирање зашто бараат помал когнитивен напор од страна на корисникот. Тие не се многу диверзитетни во лексиката. Ако видиме каков тип на реакции тие предизвикуваат, ќе забележиме дека дезинформациите се многу поемотивни од вистинските вести. Тие се 10 пати понегативни во поглед на сентиментот. Тие 37 проценти повеќе целат кон моралноста на читателот. Целат психолошки да му влијаат на корисникот преку идеи кои напаѓаат пол, религија, националност итн, пишува на сајтот на СЕФ.
Сепак, едукативните содржини за дезинформациите објавени на страницата на Светскиот економски форум, имаат цел да ги информираат луѓето за опасностите на дезинформациите, да го постават акцентот на тоа дека дезинформациите се штетни и би требало да се дел од стратегиите на владите за да го заштитат своето население од штетни влијанија. Но, не е вистина дека СЕФ и Шваб им наредил на сите влади од светот да ги апсат граѓаните кои читаат лажни вести, ниту дека наредил да се забранат независните медиуми а владите да го направат незаконско читањето на не-мејстрим извори. Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...