Ќе се реновира Специјализираната болница за хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево

-

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево. Поводот за посетата е 40 години од отворањето на установата и најава за нејзино реновирање.

Во присуство на директорот на болницата, Александра Пили и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, министерот Филипче најави реконструкција на трите павиљони на установата.

– Оваа болница е единствена од ваков вид во државата токму заради спецификите на регионот кои придонесуваат во третманот на пациентите кои имаат хронични респираторни и алергиски проблеми. По 4 децении, оваа установа добива поддршка за реновирање и наскоро ќе започне процесот на обнова – истакна министерот Филипче.

На годишно ниво во болницата се лекуваат околу 1.000 болнички пациенти, 1.300 амбулантски пациенти и стотина пациенти во дневната болница. Трите павиљони кои се планирани за обнова располагаат со капацитет од 72 болнички кревети, оддел за интерна медицина и оддел за физикална медицина. Работат двајца доктори по физикална медицина и рехабилитација, пулмо-алерголози, доктори по интерна медицина, како и по еден доктор на специјализација по интерна медицина и доктор на медицина.

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања – Отешево е сместена на западниот брег на Преспанското Езеро и е со идеален гео-климатски фактор за лекување на пациенти со хроничен опструктивен бронхит, белодробен емфизем, бронхијална астма, фибрози, како и постоперативни состојби на бели дробови со намалена белодробна функција.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...