Кирилицата, традиционалниот вез и тробојката на бугарското лого за претседавањето со ЕУ

-

Бугарија, која од вчера е новиот претседавач со Советот на Европската Унија го претстави и логото под кое ќе ја води Унијата во следните шест месеци.

Логото, како што е наведено во описот на официјалниот твитер-профил креиран за оваа прилика, ги претставува трите симболи кои јасно го отсликуваат бугарскиот идентитет – кириличната азбука, традиционалниот вез и националната тробојка.

„Логото ја рефрлектира идејата дека Бугарија е составен дел на Европа, но, во исто време и уникатна меѓу другите земји-членки на ЕУ“, се додав во описот.

Автор на логото е уметникот Тодор Ангелиев и неговиот дизајн бил избран од професионална жири-комисија која се водела од идејата на оригиналниот и иновативен авторски дизајн.

„Визуелниот идентитет на Бугарското претседателство е во боите на Европската Унија. Елементите се позајмени од ѕвездите на знамето на Унијата. Авторите се дел од тимот составен од уметници од Националната академија за ликовни уметности – Светлин Балездров, Ненко Атанасов и Милена Абанос, консултанти се професорите Георги Јанков и Мирослав Богданов“, стои во информацијата за бугарското председавачко лого.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...